Кристина Кија – Коцкар има тумор на дојката. Победничката на „Задруга“ во текот на изминатите месеци во повеќе наврати имала направено лекарски прегледи и анализи за да се утврди дали е во прашање тумор, и кој облик го има.
Како што вели анонимен извор за српските медиуми, во прашање е бенигнен облик.
„Кристина на преглед дошла самоиницијативно затоа што самата го забележела. Неколку недели била посветена на прегледи и анализи. Станува збор за бенигнен тумор. Тоа е причината поради која Кија со денови се наоѓа на Институтот за онкологија и радиологија во Белград“, вели изворот.
Тој тумор мора веднаш да биде опериран, а за кога е закажана операцијата, навистина не знам“, открива соговорникот.
За оваа вест знаеја само нејзините блиски, а иако таа доста добро се држи и не се откажува од обврските, не се чувствува најдобро.
„Таа се држи, постојано е насмеана, настапува, снима, се фотографира, но на тој начин само се обидува да ги тргне мислите од тоа што го преживува. Не сака сожалување. Само сака да биде подобро“, вели изворот.