На Здравко Чолиќ не му се допаѓа тоа што ќерка му Уна е популарна на социјалните мрежи: не можам да и забранам да се фотографира

Српскиот пејач Здравко Чолиќ во интервју зборува за неговите ќерки Уна и Лара, како и за сопругата Александра и кариерата.

Уна е популарна на социјалните мрежи, а тоа на Чолиќ не му се допаѓа но не може да и забрани.

„Таа само слика нешто. Ја карам, не ми се допаѓа, но не можам да и забранам. Таа е таква… Едноставна, комуницира со луѓе, сака да се слика. Се сликаат со мене. Никогаш не сум бил таков, што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. Не можам да и забранам, што да и направам. Тоа е сосема поинаку отколку што беше порано. Порано мораше да ангажираш фотограф за да те фотографира или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа чекаш да ги направиш сликите“, раскажува Чолиќ во интервјуто за „Дневни аваз“.

Пејачот зборува и за сопругата Александра со која 11 години се забвувале пред да се одлучат за брак.  Нивниот брак преживеал, и покрај тоа што тој важел за најголема ѕвезда на поранешна Југославија, успеале да се спротивстават на сите предизвици кои доаѓале со неговата огромна популарност.

„Семејството е едно, а се друго е друго. Се забавував со жена ми 11 години пред брак, претпоставувам дека можевме да видиме какви сме и што правиме, или да раскинеме или да бидеме заедно. Глупо ми е сега човек да живее естрадно.Секаде има проблеми во бракот, луѓето доаѓаат во некои ситуации, но ако луѓето се познаваат, ако е така со години. .. Барем така сме во Босна, воспитани, не можам да кажам исклучиво патријархално, но на некој начин традиционален, некои работи се почитуваат, а некои се живеат. Цел живот си на пат и запознаваш различни светови… Ако имаш семејство, јас сум за никогаш да нема развод во бракот. Ќе мора да има некоја голема причина за тоа да се случи. И повторно, од друга страна, прашање е дали човек би бил во добивка или загуба. Засега е како што е, а никогаш не се знае… Можеме да се расправаме, но кога ќе преспиеш..“, завршува Чолиќ.

Чолиќ вели дека физички е активен, но има период во животот кога помалку се грижи за себе, но внимава на храната.

 

Scroll to Top