Нада Обриќ оперирана од рак, болеста се врати четврти пат

Српската пејачка Нада обриќ, која трипати го победи ракот, повторно се оперираше, оти болеста се вратила. Таа наскоро ќе почне со хемотерапија. Пејачката во моментов е во Виена каде што ѝ беше направена операција на бешиката.

„Точно е дека болеста се врати. Сум имала подобри денови. Сега следува хемотерапија, па ќе видиме дали ќе биде успешна“, рекла таа за „Хелоу“.

Пред само една година пејачката правеше операција на бешиката во Белград и тогаш велеше дека е среќна оти болеста ја открила на време. Таа првпат беше оперирана од рак 1999 година, и тогаш ѝ беше откриен рак на матката. Во 2004 година, пак, лекарите ѝ дијагностицираа малиген тумор на бенка, а на преглед тогаш Нада отишла само поради интуицијата дека нешто не е во ред.

„Кога ќе ви кажат дека имате малиген рак прво занемувате. Не верувате, не ви влегува во глава дека може да се случи такво нешто. Станувате многу лути, па многу тажни, се прашувате зошто вам ви се случува. А потоа се освестувате и почнувате да се борите, брзате да се оперирате. Кај мене секојпат беше итно. Мислите забрзани, измешани. Се трудите да не ги оптоварувате децата. Свесни сте дека крајниот резултат може да е фатален. Тоа е тој рулет во главата од кој никој не може да побегне. И тогаш имате две опции: да паднете или да се кренете и да се борите, но и да му се молите на Бога да ви помогне“, рекла Неда лани, откако ја имаше третата операција.

Таа рекла и дека најтешко ѝ било првиот пат, но потоа полека навикнувала на лошата ситуација.

„Првиот пат децата беа покрај мене по 24 часа. Синот беше во средно, ќерката само што тргна на факултет. Ме гледаа немоќно, пробуваа да го скријат стравот. Не се тие виновни, и јас криев дека ми е страв. Се лажевме меѓусебно. Го молев Бога да не ме зема додека не ги исшколувам, да се осамостојат, а потоа нека биде што ќе биде“, додала пејачката.

 

Scroll to Top