Најмалиот брат на Ѓоковиќ венчавка ќе прави во Белград, свадба во Портонови

Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата свршеница Сашка Веселинов наскоро ќе се венчаат. Свадбата ќе биде на две локации.

Водителката и модна дизајнерка и нејзиниот свшеник на 12 септември ќе прослават во Белград, каде ќе се одржи и црковна венчавка, по што младенците ќе имаат можност да слават и во Црна Гора.

Втората венчавка ќе биде организирана во Херцег Нови, поточно во одморалиштето Портонови, а гостите на свадбата ќе го почитуваат и дресот кодот кои го замислиле младенците.

Да потсетиме, Ѓорѓе Ѓоковиќ на Калемегдан ја запроси својата девојка Сашка Веселинов, а за вереничкиот прстен наводно потрошил 10.000 евра

Scroll to Top