Најстарата српска актерката Бранка Веселиновиќ наполни 103 години: Не сум како старите луѓе

Актерката Бранка Веселиновиќ пред неколку дена наполни 103 години. Живее во центарот на нови Сад. Вели и покрај еден век, таа се уште има желба за живот, па дури и кога поминала низ тешки моменти, никогаш не го загубила духот.

“Денес сум многу возбудена бидејќи го славам мојот 103 -ти роденден. Се уште го негувам споменот на моето детство во душата, не сум како стари луѓе. Се уште имам желба за живот и почнувам да вежбам секој ден. Луѓето често ме прашуваат која е тајната на долговечноста, а јас верувам дека тоа е оптимизам, открива таа за српски Ало.

Вели : Никогаш не сум пиела, па дури и во овие години се занимавам со гимнастика секое утро. Не поминува ден во досада, вчера се сликав цел ден. Пишувам песни секој ден, гледам филмови и сакам да се дружам со пензионери. Сакам да читам и не ми требаат наочари за тоа “, рече Бранка, откако ги дувна свеќите на тортата што и ја даде тимот на Ало.

“Имав богат и исполнет живот. Најдов љубов и разбирање во мојот сопруг и играв многу улоги во театарот и телевизијата. Бев во Америка пет месеци. Пишувам по неколку песни секој ден, задоволна сум од животот. Младите треба да го задржат својот оптимизам и да не се жалат дека им е здодевно. Се дадов несебично и направив многу хуманитарни акции.

Јас сум доживотен амбасадор на УНИЦЕФ и почесен граѓанин на Нови Сад. Ја продадов куќата во која живеам , а  парите за годишната награда им ги донирав на актерите на Југословенскиот драмски театар – раскажува Бранка, која одржува весел дух и на 103 -годишна возраст.

 

Scroll to Top