Најуспешниот српски геј-манекен бара девојка да му роди дете

Никола Јовановиќ  еден од најуспешните српски манекени, а веќе некое време е во среќен брак со музичарот Јан Волф. Никола сака да го зајакне односот со партнерот и заедничката среќа да ја надополни со дете, па со оглед на околностите, преку „Фејсбук“ побара помош од девојките.
„Дали сака некоја девојка да ми роди деца?“, напиша тој и доби голема поддршка, а многуте негови пријателки му се понудија да му излезат во пресрет.
Никола со години работи за најпрестижните модни куќи во светот. Зад себе има успешна интернационална кариера, а уште во 2010 година станал заштитно лице на престижниот моден бренд „Гучи“.
Уште пред неколку години беше осумнаесетти манекен во светот и позира за најпознатите модни фотографи, а на неговата кариера може да му завидуваат буквално сите.
Никола во 2015 година беше обвинет за силување затоа што го една негова поранешна другарка го обвини за тоа, по што тој заврши во притвор. Се утврди дека девојката лажела затоа што тој одбил да биде со неа.
Никола мина 24 часа во притвор, а по ова искуство, поведе кампања „Да ги заштитиме мажите“.

 

 

 

Scroll to Top