„Наместо за Цеца, дајте ги парите за болни деца“, жителите на Бор не ја сакаат пејачката за Нова година

Жителите на Бор, Србија, не сакаат фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ да пее на плоштадот во градот за дочекот на Нова година. Тие на социјалните мрежи повикуваат општината да го откаже нејзиниот настап, а парите да ги дадат за лекување на 15-годишниот Данило Марјановиќ, кој боледува од рак, а за лекување му требаат 8.000 евра. Граѓаните се револтирани, оти неофицијално, градот за настапот на Цеца ќе плати околу 100.000 евра.

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ за медиумите рекол дека градот нема да плати ништо, а дека настапот на фолк-ѕвездата го плаќаат спонзори. Освен Цеца, вечерта во Бор ќе настапи и групата „Кербер“. За стара нова година, пак, ќе пее Мирослав Илиќ, но и за него парите ги даваат спонзори, рекол градоначалникот.

Scroll to Top