Напаѓачи со фантомки пукале во комбето на пејачката Маја Беровиќ

Непознати напаѓачи со фантомки на главата пукале во комбето во кое се наоѓал бендот на популарната босанска пејачка Маја Беровиќ, пренесуваат српските медиуми. Според „Блиц“ бендот на Маја од настап тргнал кон хотелот во Мостар во кој биле сместени. Додека се возеле натаму, непознати лица на два мотори, со фантомки на главата, од пиштоли со придушувач испукале неколку куршуми и ги дупнале сите четири гуми на возилото. Пејачката во тие моменти била во другото комбе што возело зад нив и го видела целиот настан.

„Во шок сум откако сфатив што се случува. Во земјата во која сум родена гледам како без никаква причина некој пука во комбето во кое се наоѓа мојот бенд. Притоа никој не ја знае причината која им го загрози животот на сите во автомобилот. Никој нема повод за да направи вакво нешто, не знам зошто пукаа накај нас. Едвај чекам да се разреши целата ситуација“, рекла пејачката.

Полицијата се уште го истражува настанот и засега нема осомничени.

Инаку, Маја професионално пее од 2007 година, а најпозата е по соработките со Јала Брат и Буба Корели.

Scroll to Top