Наташа Беквалац нов член на жирито „Пинкови ѕвездички“

Наташа Беквалац е новата членка во жирито на „Пинкови ѕвездички“. Пејачката во петтата сезона, ќе седне на црвената столица на местото на Јелена Томашевиќ. Беквалац со новата улога се пофали на социјалните мрежи.

„Драги мои, чест и задоволство ми е што од денес станав дел од ова музичко натпреварување за деца „Пинкови ѕвездички“. Со нетрпение чекам да ги запознаам децата и да запловам во уште еден музички предизвик за мене. Ве сакам“, напиша Беквалац на социјалните мрежи.

Новата сезона на „Пинкови ѕвездички“, почнува на 26 октомври, а во петчленото жири покрај Беквалац се и Леонтина Вукомановиќ, Гоца Тржан, Кристија Кија Коцкар и Милан Станковиќ, кој одлучи да се врати на местото член на жирито.

Јелена Томашевиќ ги напушти „Пинкови ѕвездички“

Scroll to Top