Српската пејачка Наташа Беквалац била пренесена во болница во Белград, откако ѝ се слошило додека била на проба со својот бенд и се пожалила на силни билки во стомакот. Пејачката се подготвувала за концертот закажан за 14 февруари, пишува српски „Курир“.
„Сите се исплашивме за Наташа. Не знаевме што ѝ е. Чувствуваше мачнина, имаше нагони на гадење и се виткаше од болки. Ја однесовме веднаш во болница. Некој не можеше да претпостави дека се отрула со храна. Бевме во шок кога ми соопштија дека мора да ѝ го исчистат желудникот. За среќа сè заврши брзо. Кратко беше задржана во болница, прими неколку инфузии и ја пуштија дома да мирува. Таа обично внимава што јаде, особено сега пред концертот, но ние инсистиравме да земе брза храна за да јаде било што, бидејќи целиот тим брзаше“, открил извор близок до пејачката.
Инаку, Беквалац на 14 февруари во Белград првпат ќе го одржи својот голем солистички концерт и таа периодов напорно работи со својот бенд и со танчерите.