Наташа Беквалац се пријави да биде новата девојка на Џејмс Бонд

Наташа Беквалац би можела да биде новата девојка во новиот филм за популарниот таен агент Џејмс Бонд. Пејачката се пријавила на кастингот кој се одржува во Белград.

Деновиве во Србија се наоѓа и британскиот актер Даниел Крег, кој го снима неговиот нов филм „Нож во грбот“, па медиумите пишуваат дека и тој би можел да ги види некои од кандидатките.

Во новото продолжение Џејмс Бонд ќе заведува девојки од цела Европа, а една ќе биде и од Балканот.

Scroll to Top