Наташа Беквалац се сомнева дека има тумор на градата

Српската пејачка Наташа Беквалац речиси 10 дена е главна вест во српските медиуми. Откако нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ ја претепа, приказната продолжи по судовите, но српскиот сајт „Информер“ денеска пренесе дека пејачката имала тумор на градата.

Откако се појави оваа вест, се огласи и портпаролката на пејачката.

„Не сакаме да зборуваме за тоа додека не ги завршиме сите анализи. Се надевам дека ќе нè разберете“.

Беквалац неодамна била во болница и деновиве закажала детални прегледи.

„Пред неколку дена додека се бањаше забележа грутка под градата. А поради сите случувања, ја замоли сестра ѝ Кристина да ја однесе на лекар“, рекол близок извор.

Лекарот потврдил дека таа имала нешто под левата града. Можеби се работи за циста, но не ја исклучил можноста да е тумор. Докторот ја советувал да се смири и ако е тумор во почетна фаза, неколку дена немало да променат ништо.

Наташа имала закажано мамографија за 24 април, но поради судењето со Лука, наводно ја одложила за следната недела.

Scroll to Top