Наташа Беквалац: Со двајца од тројца од поранешните сопрузи сум во добри односи

Пејачката Наташа Беквалац која зад себе има три пропаднати брака, вели дека со своите двајца поранешни сопрузи се согасува одлично. Таа во 2006 година се омажи за ватерполистот Данило Икодиновиќ, од кого се разведе во 2011 година. Двајцата тогаш ја добија ќерката Хана.

„Со Данило сум пријател. Заедно ги решаваме проблемите, се бориме со пубертетот на Хана. Среќна сум што изградивме таков однос и морам да признаам дека неговата поддршка во одгледувањето на Хана многу ми значи“, изјавила Наташа.

Од 2015 година до 2017 година Беквалац беше во брак со ракометарот Љубомир Јовановиќ. Пејачката во 2017 година се омажила за српскиот бизнисмен Лука Лазукиќ, со кого ја има ќерката Катја.

„И со Љубомир сум во добри пријателски односи“, објаснила Беквалац.

Третиот брак испадна најлош за пејачката. Лука минатата година ја претепа Бекавалц и ја остави. Беквалац вели дека од нејзините бркови излегла попаметна и дека во иднина повеќе ќе го слуша мозокот, а не срцето.

„Срцето ми е идиот“, изјавила Беквалац, која одговорила негативно на прашањето дали би се вратила кај некои од поранешните партнери.

 

Scroll to Top