Наташа Беквалац сослушана во суд

Српската пејачка Наташа Беквалац се појави во Првиот основен суд во Белград, каде што било закажано сослушување за физичкото насилство од страна на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.

Наташа пристигнала со својот адвокат. Таа не сакала да даде изјава за медиумите. Сепак, нејзиниот адвокат Немања Влчек изјави:

„Во овој момент сакам да кажам дека истражувањата се затворени за јавноста. За самите докази не можам да давам информации. Постојат докази за кривично гонење. Јас искрено се надевам дека органите ќе постапат така“, изјави адвокатот на Беквалац.

Scroll to Top