Не ја гледам целта на животот, се борам со ова секој јебан ден: Јутјуберката Рина за пеколот низ кој минува

Познатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби пред два дена во изнајмен стан во центарот на Белград . Телото е пронајдено околу 23 часот и 40 минути во средата, а овој случај го потресе целиот регион.

Во оваа прилика јутјуберката Рина која на социјалните мрежи се претставува како Рин Ким, своите размислувања ги сподели на Инстаграм.

– Не разбирате каков пекол е кога цел интернет напаѓа една личност за нешто што не го направила. Продолжете да поддржувате идиоти на кои им е важно само да манипулираат со вас и да придвижат група луѓе против една личност. Продолжете да верувате во се што гледате на интернет, продолжете да навредувате, да сакате некој да умре, гледам дека сте поминале долг пат со тоа, дали сте среќни сега? Дали вашите фрустрации конечно се излечени? Не. Бедни луѓе – напиша Рина.

Потоа додаде: Ајде, сега кога зборуваме за ова, ќе споделам со вас како се чувствувам и денес по речиси една година кога бев јавно линчувана од луѓе. Имам траума од запознавање нови луѓе, имам изразена анксиозност, многу пати сум размислувала за самоубиство, се‘ уште мислам на тоа бидејќи не ја гледам целта на животот и се борам со себе секој ден јебан ден.  Дали сте реални? Многу сум лута и сега сакам јавно да ги изложам моите чувства, да ви покажам колку сте одвратни и не сте свесни колку можете да наштетите некому – додаде таа.

Верувам дека грдите коментари ја погодија Кика, како што би влијаело на сите. Тоа е голем притисок, верувам дека знам низ што помина. Колку и да покажуваме сите дека ни се совршени животите, никој не знае каков е нашиот приватен живот. Шпекулациите зошто се самоубила се навистина невкусни. Го почувствував тоа на своја кожа, тешко е да бидам сама со мислите. Важно е да имате секаков вид на поддршка, треба да побарате експерт. Размислував за самоубиство, бев депресивна, се борев со анксиозност, особено сега. На моменти доживував напади на паника. Во такви тешки времиња, пријателите беа тука за мене, но на крајот на краиштата, последиците дојдоа да запознавам нови луѓе и да се чувствувам осамено. Го стеснив кругот на луѓе со кои се дружам. Има излез од се‘. Треба да се бара помош, не е срамота да се бара помош. Има експерти и телефонски броеви на кои луѓето можат да се обратат – изјави Рина за „Блиц“.

Да потсетиме, по наредба на обвинител телото на Кика Ѓукиќ е пренесено на обдукција каде ќе се утврдуваат причините за смртта. Во просторијата се пронајдени лекови и медицински помагала кои се испратени на вештачење, како што пишува „Пинк“, а се уште не се знае дали имаат врска со трагичниот настан. Кристина беше српска гејмер, Јутјубер и инфлуенсер чиј YouTube канал имаше 700.000 претплатници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград. По нејзината смрт, пријателите и другите јутјубери оставаат бројни пораки на социјалните мрежи со кои се збогуваат со Кике.

 

Scroll to Top