Не ми се мавтај пред очи со бројкава и онака злобните ги испратив: Северина спремна за 49. роденден

Хрватската поп-ѕвезда Северина утре полни 49 години. Освен што објави фотографија, таа напиша и интересн текст во пресрет на својот роденден.

„Драги мои 48., збогум. Утре ве менува 49-тата. Е, па, 49-та, здарво, и нека не те залажува мојата детска ведрина, а и да не мислиш дека лесно ќе ме смениш. Некои твои злобни претходнички  несебично ми дадоа многу, од сè и сешто, па и не многу убаво. Некои тоа го нарекуваат искуство. Така што, ве молам, не туку ми се мавтај пред очи со бројкава и имајте на ум дека убаво ги поздравив и испраќав сите ваши злобни претходнички. Иако беа и многу добри години. Па, така, и вие 49-ти, ако сте добри, јас ќе бидам ваш најдобар пријател. Само пуштете ме раат и дозволете ми да направам сè.

Што би рекол Алан Форд: „И претходно сме имале проблеми, па не сме ги решиле“, вели Северина.

И додава: Бидете среќни за мене, танцувајте со мене, пејте, бидете безгрижни, сакани. Јас не се предавам и ниту една година не ми ги одзеде надежта и вербата во доброто.

Scroll to Top