Не се откажувам од алкохолот

Фолк-пејачот Џеј Рамадановски пред неколку месеци имаше тешка операција на срцето во Виена, која едвај ја преживеал. Лекарите веднаш му советувале да внимава на исхраната. Тие му рекле и дека не смее да пие алкохол, ниту да пуши цигари.

Но, пејачот за српските медиуми рекол дека нема намера да се откаже од алкохолот, кој му е еден од неколкуте пороци.

„Имам проблеми со алкохолот. Докторот ми забрани да пијам бидејќи можам да умрам, сепак имав тешка операција. Подобро би умрел отколку да се откажам од алкохолот“, рекол Џеј.

 

Scroll to Top