Не завршив училиште поради татко ѝ на Јелена, подоцна се разведовме – животната приказна на Дивна Карлеуша

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша, која почина вчера на 61 година, во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи до тоа како ја доби ќерката Јелена, но и работата на радио.

„Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија. И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка“, раскажала Карлеуша.

Првата голема љубов ја запознала на 17 години. Драган ѝ бил сосед и 11 години постар од неа. Се забавувале три години, а потоа одлучиле да се венчаат кога Дивна останала бремена. По раѓањето на Јалена, почнале и проблемите.

„Во животот имав и побурни и можеби поубави врски, но така искрени врски како онаа со таткото на Јелена, никогаш. Можеби тоа искуство, а и Јелена можам да кажам дека беа главната причина што не се премажив“, открила таа во една пригода.

Не е тајна и приказната за забранетата љубов со Здравко Чолиќ, со кого не смеела да биде во љубовна врска, оти не ѝ дозволувала нејзината мајка, која сметала дека Дивна заслужува подобра прилика.

Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.

„Имав работа што ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Темпото на работа не беше причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфична професија.  Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина, кои се преслатки“, објаснила Карлеуша во едно интервју.

На постари години, Дивна стекна и ТВ-популарност учествувајќи во повеќе реални шоуа, меѓу кои „Големиот брат“ и „Парови“.

Дивна Карлеуша и Здравко Чолиќ, забрената љубов за која и денес се зборува

Scroll to Top