Неда не оддаваше дека е во депресија, се спремавме да дојдеме во Македонија-колегите за проблемите на глумицата

Српската актерка Неда Арнериќ вчера се обиде да се самоубие, а онесветсена во станот ја најде нејзиниот брат. Два дена предходно, таа играла во прества во Белградскиот театар, каде добила голем аплауз од присутните, и не покажувала ништо што би можело да наведе дека таа е во депресија, пишуваат српските медиуми.

Нејзините колеги се изненадени и загрижени за нејзиното здравје.

Така еден нејзин колега рекол дека таа често психички паѓала во криза, особено по смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.

Еден од нејзините најблиски соработници и со кого поминувала најмногу време, Феѓа Стојановиќ откри дека Неда по смртта на нејзиниот сопруг често се борела со депресијата.

„Јас апсолутно не знам ништо. Знам исто што и вие и она што можев да го прочитам во медиумите. Не можам да и се јавам бидејќи таа е во болница. И посакувам се најдобро. Таа доживеа трагедија, нејзиниот сопруг  почина после долго боледување, но сепак, некако беше расположена во последно време. Очигледно дека одвреме- навреме таа запаѓа во депресија, со кој не може да се бори. Но, ете кога работиме претстава, Неда работи со голема љубов.

Имаме закажни седум, осум гостувања, и во  Македонија и не знам уште каде. Се надевам дека брзо ќе оздрави и верувам дека тоа е поврзано со нејзината депресија, друго ништо незнам“ раскажал актерот.

Откако актерката не се јавувала на телефонските повици нејзиниот брат пријавил во полиција, при што пристигнале пожарникарите, полиција и бравар, а Неда ја пронашле без свест со апчиња покрај неа.

Два дена пред да проба да се самоубие, Неда го крена театарот на нозе

 

Scroll to Top