Неда Украден за 73. роденден во костим за капење: Добро да се биде денес славеничка на оваа возраст

Српската пејачка Неда Украден слави 73. роденден. По тој повод објави фотографија во костим за капење и бела кошула.

„Би можела да ти напишам сто реченици зошто е добро да се биде денес славеничка на оваа возраст. Но нема потреба. Се е јасно. Одам да славам. На здравје”, напиша пејачката.

Фотографијата е направена во Бока Которска, а на Неда во коментар среќен роденден и честитаа многу колеги и пријатели.

Пејачката неодамна во интервју за српски Курир проговори за својата музичка кариера и љубовниот живот и откри дали моментално е заљубена. Вели дека често и се додворуваат помлади мажи, но никој не и треба бидејќи сака да работи и тоа ја прави среќна.

Иако не е во врска, вели дека не и недостигаат додворувачи, особено помлади кои, како што тврди, најчесто и се додворуваат. „Постојано! Па, овие мои врсници кои сега одат со патерици и не можат да се качуваат по скали, нема да ми се додворуваат. Освен моите врсници кои се топ, Брега и Чола“, изјавила Неда.

Scroll to Top