Јелена Карлеуша повторно ја прозва Сека Алексиќ поради нејзиното пеење во живо во емисијата на Огњен Амиџиќ, во кое Сека со својот сопруг гостуваше претходната ноќ.
Иако во моментов Карлеуша е со својот сопруг Душко Тошиќ во Истанбул, Јелена очигледно го забележала делот од емисијата во кој Сека пеела во живо, па не одолеала, а да не го коментира на „Твитер“.
„Единствено нешто што можела полошо да го изведе Сека од она јавно бодење нож во грбот на Дара Бубамара е да пее во емисија во живо“, напишала Карлеуша.
Слушнете како Сека пеела во живо во емисијата „Амиџи шоу“: