Несреќната судбина на првата пејачка на „Нови фосили“

Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на култниот бенд „Нови фосили” и една од омилените пејачки во поранешна Југославија.

Првиот настап го имала на 13 години на детски фестивал, а првпат се појавила пред камери во белградската забавна емисија „Образ уз образ” во 1974 година кога настапила со песната „Кад би био само мој”.

Ѓурѓица запишала средно градежно улилиште, меѓутоа знаела дека ќе се занимава со музика.

„Ги спакував куферите и им реков на родителите дека заминувам. Да знаев што ме чека, сигурно никогаш не би

мрднала од Сплит” – открила во едно интервју.

Како пејачка во „Нови фосили” била славна, а во 1977 на сплитскиот фестивал го одушевила целиот регион со песната „Диридонда”, а по тоа ја издале и првата плоча „Да те не волим”.

1982 година Ѓурѓица одлучила да ја нашушти групата за да се посвети на семејството, а на нејзино место доаѓа Сања Долежал.

„Ѓурѓица замина од бендот бидејќи сакаше да го среди својот семеен живот, работевме со урнебесно темпо. Таа беше родена да биде мајка, сопруга, а од друга страна беше исто така врвна пеајачка“. Ѓурѓица се омажила за стоматологот Брацо, со кој добиле два сина, Хрвоје и Борн. Пред да одлучи да ја напушти групата, пеела бремена не сакајќи да се откаже од сцената бидејќи музиката била нејзин живот. Таа почина како последица на акутен инфаркт во  болница во Задар, во 42. година, оставјќи зад себе два сина и сопруг.

„Беше цврста и со стабилно здравје. Затоа ме изненади нејзината прерана смрт. Дента кога почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна разбрав за тажната вест“ – изјавил Рајко Дујмиќ.

Scroll to Top