Никогаш нема да се смирам со Карлеуша

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ повторно се најдоа очи во очи на суд. Денеска поради тужбата на Цеца, која ја покрена против Јелена поради изјавата што ја дала за време на нивниот конфликт околу ММР вакцините. Карлеуша била против вакцинирањето со оваа вакцина, за разлика од Цеца. Карлеуша дури ја нарекла и  глупава.

Судијата денеска се обидел да ги смири завојуваните страни, но обидот за медијација дефинитивно пропаднал.

Цеца и по излегувањето од судот изјавила дека никогаш нема да се смири со Карлеуша, а во оваа тужба од Јелена побарала отштета од 450.000 динари.

Карлеуша од судот излегла со широка насмевка.  Изјавила дека облекла црвено затоа што ја потсетува на радост, а кога ја прашале има ли шанси да се смири со Карлеуша, таа рекла „нема ништо од тоа“.

За потсетување, Јелена и Цеца на судот се сретнаа и вчера,  на 18 април, но судењето било одложено затоа што судијата кој го водела случајот починал, а новиот не стигнал да се подготви.

 

 

 

Scroll to Top