Нина Бардиќ си фати милионер

Поп-пејачка Нина Бадриќ е во љубовна врска со милионерот бизнисмен Тино Бралoво, пишуваат хрватските медиуми. Двојката минатата недела била забележана на романтична вечера во ресторан во Загреб, а медиумите пишуваат дека неодамна биле заедно на мини одмор на Малдивите.

„Вечерни лист“ го нарекува бизнисменот контроверзен оти се збогатил во 90-тите години продавајќи кафе низ цела Југославија, но и на Кипар, Египет и во Белгија, а пред три години бил осомничен за шверц на тутун кога бил фатен како го претовара тутунот од камион во комбе.

По разводот со Бернард Красниќ, Нина избегнува да зборува за приватниот живот.

Scroll to Top