Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ откри за јавноста дека секое утро кога ќе стане, прво нешто што го прави е молењето. Србинот за себе вели дека е религиозна личност, и дека неговата вера во Господ е важен дел во неговиот живот.
„Се молам секое утро. Прво се заблагодарувам за моето здравје, на можностите да ја продолжам својата еволуција како мултидимензионално суштество во овој живот. Благодарен сум на семејството, што се будам во голем кревет каде ги гледам и најубавите моменти од изгрејсонцето. Се заблагодарувам на тоа што имам можност да го работам она за кое претходно сум сонувал, на обврските како татко и сопруг“, вели Ѓоковиќ.
„Морате тоа да го правите секој ден, без разлика дали станува збор за двеминутна вежба или молитва. Понекогаш навистина немате многу време, но важно е да се биде дисциплиниран и да се продолжи со таа пракса. Кога сте со отворен ум, подготвени сте да го примите сето она со кое сте опкружени во овој прекрасен свет. Ние сме благословени што живееме во ваков свет и што минуваме низ процес на еволуција. И кога ќе дојдете на прагот да сознаете кои сте, вие и понатаму продолжувате да трагате по вистината. Тоа ве носи до изворот од каде потекнувате и ве прави да сте смирени, исполнети со радост. Прави да сте благодарни што постоите, што тука се сите оние кои ве опкружуваат и ве прават да се чувствувате исполнети. Тоа е суштината на животот“, вели тенисерот.
Освен што религијата е сосватен дел од секојдневието на Новак, тенисерот вели дека активно помага на голем број на православни цркви и манастири во Србија и земјите ширум светот. Најновиот случај за кој јавноста дозна, е спасувањето на српската православна капела во Ница. Наследниците на земјата на која се наоѓа оваа црква планирале да ја променат наметана на ова издание, за да имаат финансиски бенефит. Француските медиуми пишуваат дека градбата била спасена од Новак Ѓоковиќ, кој интервенирал и дал пари за спас на црквата.