Новак и Јелена Ѓоковиќ опуштено на Ада Цигналија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов е во Белград, а фотографите го сликале како ужива со семејството на Ада Циганлија, на паркингот на влезот од популарниот базен.

Новак Ѓоковиќ бил опуштено расположен и се бањал со најблиските пријатели, додека неговата сопруга Јелена уживала во сонцето.

Некоиод посетителите сакале да се фотографираат и да поразговатаат со славниот пар, но сопругата, Јелена ги замоли да уживаат во приватноста.

Неодамна ќерката на Новак Ѓоковиќ наполни пет години, а прославата ја направија во неговиот ресторан во Дорчол.

„Јелена и Новак решија да направат забава за членовите на семејството и пријателите, но и за пријателите на Тара. Тара изрази желба сè да биде како од бајка, да има розов фустан и круна како нејзините хероини од цртаните филмови. Родителите веднаш и ја исполниле желбата и ги поканиле декораторите да создадат вистинска бајка. Кога видела како е уреден просторот, Тара почнала да скока од радост и веднаш се фотографирала со другарките“, пренесуваат извори за српски „Блиц“.

Scroll to Top