Нозеве да си ги измиев на сцената, гарант ќе победев, Аца Лукас незадоволен од изборот на српската претставничка за Евросонг

Лазар Вуксановиќ, синот на српскиот пејач Ацa Лукас, денеска се ожени со својата избраничка во Белград. Локалните новинарите ја искористија оваа прилика и побараа од него да го каже своето мислење за изборот на песна за Евровизија, на која учествуваше со песната „Оскар“ го зазеде 5-то место. Како што тој вели, не му се допаднала особено победничката песна „In corpore sano“.

Да си ги измиев нозете на сцената, можеби ќе победев. Не ми се допаѓа победничката песна, имаше многу подобри песни. Мислев дека е потребен спектакл за победа. Сакав да направам нешто свето за мојата земја, но не успеав’, изјави Лукас.

Тој иронично одговори „едноставно не“ на прашањето дали повторно ќе се пријави на Евровизија. Но исто така и откри дека немал причина зошто да остане до крајот на натпреварот, па затоа си заминал порано.

„Не се налутив, не се лутам затоа што ништо не изгубив таму“, додаде Лукас.

За потсетување, синоќа победи Констракта со 40.000 СМС гласови од публиката.

(Видео) Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија

Scroll to Top