Обид да ѝ биде хакиран инстаграм-профилот на Наташа Беквалац

Пејачката Наташа Беквалац е цел на хакери кои со денови, како што вели таа, се обидувале да ѝ го хакираат инстаграм-профилот, но и е-поштата што таа ја користи со години.

Наташа со јавна порака им се обрати на хакерите кои се обиделе да упаднат на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

„Најљубезно би ве замолила вас ‘моќни хакери’ и уште помоќни ‘ИТ-експерти’ да престанете да се обидувате да го преземете мојот профил на ‘Инстаграм’ и е-поштата затоа што почнавте сериозно да ме малтретирате и досадно е. Почнете да се занимавате со законски регуларни дејности. Знам дека секоја промена е тешка и е стресна, но на крајот сè ќе излезе на добро. Јас сум уметничка душа, не го разбирам овој вид технологија. Знам дека не се разбирам во тоа, но знам кој се разбира. Затоа внимателно, затоа што кој некому му копа дупка, сам паѓа во неа. Полека момци“, напишала Наташа на својот инстаграм-профил.

Ако се суди според коментарите на објавата на Наташа, многу нејзини обожаватели се сомневаат дека зад обидот да се хакира профилот на Беквалац стои нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Наташа го пријави Лука за семејно насилство, тврдејќи дека Лука во ноќта меѓу 13 и 14 април ја претепал во станот на Дедиње. Оваа приказна најде свој епилог на суд, а наредното рочиште е закажано за 20 јули.

 

 

Scroll to Top