На 25 февруари ќе почне да се прикажува втората сезона од популарната српска серија „Јужен ветер“. Продуцентите го објавија официјалниот трејлер за серијата која ќе оди секоја сабота и недела од 20 часот на РТС 1.
Според приказната, кралот на српското подземје, Петар Мараш (Милош Биковиќ), е поразен во улична војна против државата. Властите ги напаѓаат неговата работа, пријателите, семејството и животот.
Освен Биковиќ, во серијата глумат и Миодраг Радоњиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Александар Берчек, Богдан Диклиќ, Јована Стојиљковиќ, Оксана Акиншина, но и холивудските ѕвезди Ерик Робертс и Вилијам Болдвин. Креатор на серијата е Милош Аврамовиќ, а сценарист е Петар Михајловиќ. Серијата има неколку режисери – Милош Аврамовиќ, Љубомир Божовиќ, Немања Чераниќ, Данило Бечковиќ и Мирослав Стаматов.