Од Ковид-19 почина познатиот српски композитор Зоран Симјановиќ

Познатиот српски композитор Зоран Симјановиќ, почина од коронавирус на 75 годишна возраст. Симјановиќ беше познат по неговата музика во легендарните филмови: „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Јагоди во грлото“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“.

Со музиката за „Сјај во очите“ тој доби награда во Монте Карло, победувајќи го Енио Мориконе. Во 1983 година, заедно со Ив Монтан, стана почесен граѓанин на Валенсија.

Scroll to Top