Од прва се снајдов како мајка, Хана Хуљиќ првпат зборува за мајчинството

Хана Хуљиќ и Петар Грашо на 17 јули станаа родители на ќерката Алба. Ќерката на Тончи Хуљиќ открива дека ѝ годи што е мајка и вели дека добро се снаоѓа.

„Ми се допаѓа улогата на мајка. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам“, раскажала Хана.

За хрватски медиум, таа зборувала и за насловите кои се појавувале за неа и Петар и раскажала дека секој ден читала по нешто ново за нив како пар, на што се навикнала и престанала да реагира.

На шпекулациите дека тие двајца ќе прават уште една поголема свадба, Хана одговорила дека немаат такви планови за во иднина.


Scroll to Top