Од седум песни Анастасија Ражнатовиќ заработи над 500.000 евра

By

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, заработи половина милион евра од седум издадени песни. Анастасија од почетокот на својата музичка кариера во 2018 година до сега, преку нејзиниот канал на Јутјуб заработила скоро 240.000 евра. Според пресметките на српските медиуми, за еден милион прегледи на Јутјуб се заработува околу 1.000 евра, а нејзините спотови се прегледани скоро 240 милиони пати.

Но, Анастасија повеќе заработува од преслушување или симнување на нејзините песни од другите музички платформи. Секоја од нејзините седум песни на овие платформи била во 100. најслушани во Србија. Цената за еден милион стримови на овие платформи изнесува од 3.000 до 3.500 евра. На една од тие платформи, Ражнатовиќ има скоро 16 милиони стримови за пет песни или скоро 150.000 редовни слушатели месечно, што значи само од нив заработила 70.000 евра, пишува српски Курир.

Анастасија кариерата ја почна со песната „Совршен пар“, а потоа ги испеа „Рани“, „Готово“, „Те сакам“, „Извини“, „Промашена“ и „Хероина“. Таа работи на првиот албум, а неколку од песните ги работеше со Дарко Димитров.

Ќе ви се допадне