Фудбалерот Огњен Врањеш по објавените голи фотографии на Јелена Карлеуша сега ѝ се закани и на нејзината колешка Дара Бубамара дека ја очекува истата судбина.
Српските медиуми пренесуваат дека Врањеш наводно поседувал голи фотографии и од Дара Бубамара кои пејачката му ги испратила кога се допишувале пред неколку месеци.
„Огњен и Дара цело лето се допишуваа. Тие размениле броеви преку ‘Инстаграм’, а набрзо потоа се решиле и на видеопораки преку ‘Вибе’р. Дара за кратко време стекнала доверба во Огњен, па често му испраќала фотографии на кои таа е гола. Долго време се договарале да се видат во живо, но Дара од пријателите слушнала дека е во шема со Карлеуша. Тогаш одлучила без објаснување да го прекине контактот со него“, вели близок пријател на Дара.
„Иако Врањеш ѝ бил многу симпатичен, Дара се уплашила дека Јелена повторно ќе ѝ се налути. Не сакала да го прокоцка пријателството со Огњен, па одлучила да го блокира“, тврди соговорникот.
Кога Дара застанала на страна на Карлеуша, Огњен се изнервирал и се заканил дека ќе ги објави голите фотографии на Дара Бубамара.
„Даро ќе ги објавам твоите голи фотографии, ако продолжиш да зборуваш и провоцираш. Ќе те избламирам како Јелена“, ја пренесуваат српските медиуми пораката на Огњен до Дара Бубамара.
Карлеуша среќна што Тошиќ ќе остане да игра во Кина до 2021 година