Охриѓанецот Џеди Осман ќе се жени со популарната турска актерка Ебру Шахин

Турската актерка Ебру Шахин, која се прослави и со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“ каде го толкува ликот на  Рејан Шадоглу, ќе се мажи за турската НБА-ѕвезда Џеди Осман. Тој ја побара за сопруга во Кападокија по една година врска.

Познатата актерка и модел сподели неколку фотографии на Инстаграм. Кажав „да“, напиша Ебру, а објави и фотографии со свршеничкиот прстен. Како што пренесуваат турските медиуми, свадбата ќе биде следната година. Тие и претходно споделуваа заеднички фотографии. Џеди по потекло е од Охрид, каде што е роден во 1995 година,  од каде неговиот татко, етнички Турчин, се сели во Турција. Неговата мајка  е Босанка родена во Србија. Џеди игра за тимот на Кливленд кавалиерс и се проценува дека досега има заработено околу 50 милиони долари.

Ебру, која на публиката ѝ е позната од нејзините улоги во турските серии, има дипломирано на спортскиот универзитет во Истанбул. Таа по студиите започнала да оди и на часови по глума, а на филмското платно дебитира во 2016, додека првата серија во којашто се појавува е „Мојот татко“.

Актерката е препознатлива по својата кадрава коса, а освен со глумата работи и како модел.

Scroll to Top