Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ има освоено многу награди „Порин“ во својата кариера, но оваа година ќе ја добие наградата за животно дело.
„Од сите награди, оваа е посебна. За неа ќе најдам специјално место во мојот дом“, рекол Оливер за „24 Вести“ кога му кажале дека тој е добитник на наградата.
Тој им се заблагодарил и на колегите што гласале за да го добие ова признание.
70-годишниот музичар ја добива наградата заедно со пијанистката Павица Гвоздиќ и поетот Јашко Фиаменго. Ова ќе биде 31. награда „Порин“ во неговата колекција. Наградата ќе му биде врачена на 23 февруари.