Балканската ѕвезда Лепа Брена вели дека почетоците во кариерата не ѝ биле ни малку лесни. Иако денес изгледа одлично, пред повеќе од 40 години, кога почнувала да пее, ја навредил келнер кој ѝ рекол дека е предебела, откри таа во интервју за „Блиц“.
„Мислев дека ќе дојде пејачката, кога тоа – дојде трафостаница“, ѝ рекол тој на Брена.
Ваквиот навредлив коментар ја повредил, но и ја мотивирал. Брена почнала да држи диета и за шест месеци ослабела 17 кила.
„Наутро обично јадев едно или две јајца. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев некаква посна супа без маснотии и намази. Всушност, тоа беше вода во која имаше само балансиран зеленчук, а не се вареше премногу за да не излезе витаминот Ц. Тука имаше и некое месо кое беше само печено или варено, бидејќи е полесно. За вечера имав парче риба или месо, покрај салата“, раскажала Брена.