Oтфрлено обвинението за силување против Бранислав Лечиќ

Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава за силување што ја поднесе актерката Данијела Штејнфелд против Банислав Лечиќ, пренесоа српските медиуми. Тие пишуваат дека за сега немаат увид во одлуката и не се знае кои се причините што обвинителството решиило да ја отфрли кривичната пријава.

Пред повеќе од една година, Штајнфелд, која се прослави со улогата на Маринела во филмот „Ивкова слава“, во својот документарец откри дека е жртва на силување. Брзо потоа објави дека во 2012 година ја силувал „моќен човек од филмската индустрија“, но не сакаше да го открие неговото име. Пред неколку месеци таа во полиција го пријави актерот и некогашен министер Бранислав Лечиќ и кажа дека тој е човекот што ја силувал пред девет години.

Во март и двајцата беа на сослушување, а Лечиќ постојано ги отфрлаше обвинувањата, а го помина и полиграф тестот.

Штајнфелд, која откако откри дека Лечиќ е мажиот што ја силувал, кажа и дека имала периоди кога сакала да се самоубие. Тогаш актерката Мерима Исаковиќ јавно ѝ ја понуди својата поддршка, велејќи дека во 1978 година Лечиќ и неа сексуално ја вознемирувал, па додаде дека тоа би го кажала и под заклетва на суд.

Scroll to Top