Откако ги доби назад, Тања Савиќ направи забава за синовите

Откако ги доби назад, пејачката Тања Савиќ направи забава за синовите. Тие беа разделени повеќе од 15 месеци, откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзино знаење. По 15 месеци борба таа преку судски пат успеа да ги врати.

„Конечно дома. Синови на мајката. Фала му на Бога за сè. И многу ви благодарам драги мои, за вашата огромна поддршка и бескрајната љубов. Ви благодарам што се радувате со мене денес. Ви благодарам за секоја порака за поддршка што ми ја испративте. Ве гушкам сите многу, и дај Боже да се случуваат само убави работи од денес“, напиша Тања, и сподели фотографии од нив.

Тања Савиќ по година дена си ги доби синовите назад