Откажан е концертот на Цеца со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на Аква паркот во Пробиштип, објавија организаторите. Поради големиот број новозаразени со корона, од Аква паркот најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.
„Ви ветуваме дека наредната година спектакуларно ќе го прославиме нашиот јубилеј. Останете во добро здравје и почитувајќи ги мерките за заштита“, велат тие.
Аква паркот првпат ги отвори своите врати за посетителите на 20 август 2011 година. За јубилејот, оттаму најавија целовечерно музичко шоу со најголемите балкански хитови и многу изненадувања, настап на Јоце Панов и Ѓоко Јовиќ со Енерџи бенд, а вечерта требаше да заврши со спектакуларно шоу на Цеца.
„Картите што се купени во претпродажба може да се вратат од 19 август до 20 септември од местото каде што се набавени или ако се купени онлајн, преку www.kupikarta.com, потребно е да испратите меил на [email protected] со име, презиме, датум на трансакција и број на купените карти“, велат организаторите на концертот.
Со концерт на Цеца, Аква паркот во Пробиштип ќе слави 10 години јубилеј