Откажани им се сите настапи, на раперите Јала и Буба им е забранет влез во Србија

На познатите рапери Јала Брат и Буба Корели им се откажани сите настапи, откако им беше забранет влез во Србија. Босанското дуо имаше закажан настап на музичкиот фестивал во Ушче. Тие требаше да настапат на 26 август на првиот ден од фестивалот, но истиот беше откажан, затоа што организаторите добиле известување дека на двајцата им е забранет влез во земјата.

„Задоволството на публиката е наш приоритет, а со оглед на тоа дека поради новонастанатите околности не сме во можност да настапуваме онака како што беше планирано, одлучивме фестивалот да го скраитме за еден ден и истовремено преостанатите три дена да направиме нешто поспектакуларно, со што на Ушче ќе донесеме две големи регионални ѕвезди“, стои во соопштението на организаторот.

Scroll to Top