Пејачката Катарина Грујиќ денеска се омажи за својот свршеник, фудбалерот Марко Гобељиќ. Венчавката ја направија пред нивните најблиски членови, семејствата и пријателите. Гостите ги забавуваше нејзината пријателка пејачката Андреа Чекиќ.
Грујиќ на венчавката носеше летен цветен фустан со долги ракави и отворен грб.
Со Марко велат дека планираат да направат и голема прослава, но, наредната година. Сега ја откажаа поради пандемијата со коронавирусот. За потсетување Гобељиќ ја запроси Катарина на почетокот на јуни. Двајцата беа во врска повеќе од една година, а чекаат и бебе.
View this post on Instagram