Пејачката Милица Павловиќ призна: „Девет години не сум била со маж“

Српската пејачка Милица Павловиќ, која важи за една од најатрактивните во регионот, во интервју во емисијата „Пулс Србија“ призна дека девет години не била со маж. Вели, мажите како да се плашат од неа. Милица во јавноста досега никогаш не се појавила со момче, па српските медиуми пишуваа дека таа сака жени. Но, Милица никогаш не ги коментираше овие пишувања.

Во интервјуто пејачката сега првпат прозборе за приватниот живот и зошто нема момче.

„Мажите како да се вкочануваат кога ќе ми пријдат. Не можат да зборуваат, ете тоа ми се случило многу пати. Па што ако не сум имала ништо со маж девет години? Не можам да бидам со личност која не знае што сака од себе и од својот живот. Јас знам што сакам од себе“, рекла Милица.

Таа додала и дека сака маж кој ќе е реализиран, кој не се плаши од жена со кариера.

„Ми треба маж во вистинска смисла на зборот“, рекла таа во интервјуто.

Scroll to Top