Пејачката Славица Чуктераш итно пренесена во болница

Српската пејачка Славица Чуктераш вчера била итно пренесена во болница, откако се здобила со повреда на окото, пишуваат српските медиуми.

Пејачката итно отишла на лекар, каде била детално прегледана и упатена на болничко лекување. Извор близок до неа вели дека со повредата се здобила во нејзиниот дом и дека сега е сместена во Клиничкиот центар за болести на окото во Војводина во Нови Сад.

Таа ќе остане таму во наредните неколку дена каде ќе и бидат направени детални испитувања.

Scroll to Top