Пејачката Вики Миљковиќ сака да роди уште едно дете

Српската пејачка Вики Миљковиќ во едно неодамнешно интервју откри дека би сакала да роди уште едно дете. Вики, која одамна е во жирито на „Гранд“, со сопругот Тире го имаат синот Андреј (11).

„Многу сакам да родам уште едно дете. Дали момче или девојче, тоа само Господ може да одреди. За жал, последните неколку години, поради работни обврски, не си ја исполнивме желбата, но таа сè уште постои. Можеби ќе се оствари по оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, рекла Вики.

Пејачката, неодамна првпат раскажа и за драмата низ која поминале со Андреј, откако тој одеднаш се парализирал и не можел да стои на нозе. Вики и денес кажува дека ова ѝ е болна тема за која не сака да зборува, но среќна е што синот сега е добар.

„Стапалата му се згрчија, а потколениците му беа тврди како камен. И денес се вознемирувам кога ќе се сетам на ова, беше страшно. И сега не ми е јасно зошто тоа му се случи на двете нозе одеднаш. Беше како парализиран. Се надевам никогаш веќе нема да се повтори“, додала Вики.

Вики Миљковиќ првпат прозборе за парализата на синот и драмата низ која поминувале

Scroll to Top