Пејачот Ѓорѓе Марјановиќ не починал од коронавирус, вели неговата ќерка

Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ почина во саботата, но не од коронавирус, вели неговата ќерка Невена, а пренесоа српските медиуми.

Таа откри дека нејзинио татко починал од старост, а до забуна дошло откако од Ковид-19 починал неговиот имењак, Ѓорѓе Н. Марјановиќ, додека татко ѝ се викал Ѓорѓе С. Марјановиќ.

„Мојот татко не почина од коронавирус, како што се мислеше на почетокот, туку од старост“, изјавила таа за медиумите.

Невена објасни дека порано, додека татко ѝ бил млад, имал многу проблеми со полицијата. Тие доаѓале да го уапсат за тешко кривично дело, кое го сторил другиот Марјановиќ.

За потсетување, Ѓорѓе Марјановиќ беше еден од најпопуларните пејачи на забавна музика во Југославија, но и во Советскиот Сојуз.

 

 

 

Scroll to Top