Пејачот на „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Пејачот на српската рок-група „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ-Која (58), се разбуди од кома. Тој минатиот вторникот беше итно хоспитализиран во англиска болница, откако доживеа мозочен удар. Веста дека Која се разбуди од кома на „Твитер“ ја потврди новинарот Галеб Никачевиќ.

„Која се разбуди од кома пред неколку дена и полека закрепнува“, напиша тој.

Според српските медиуми, гитаристот, пејач и композитор на „Дисциплина кичме“, минатата недела заминал во Англија за да ја види сестра си. Тој таму доживеал мозочен удар, по што лекарите го ставиле музичарот во индуцирана кома. Засега нема повеќе информации за неговата здравствена состојба.

Scroll to Top