Петар Грашо е во љубов со ќерката на Тончи Хуљиќ

Пејачот Петар Грашо е во љубовна врска со Хана, ќерката на хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, пишуваат хрватските медиуми. Петар (45) и Хана се заедно веќе неколку месеци, а врската за медиумите ја потврдил близок пријател на Грашо. Според пријателот, Хана го придружувала Петар на повеќето негови настапи ова лето.

Хана и Петар соработуваа на песната „Срце за водич“ во 2016 година, а Грашо е многу близок со нејзините родители.

„Семејствата Грашо и Хуљиќ се многу блиски, а пејачот и 31-годишната Хана се познаваат практично од нејзиното детство“, пишуваат медиумите.

Претходно, Петар Грашо 24 години беше во врска со пејачката Даниела Мартиновиќ. На почетокот на мај медиумите пренесоа дека двојката раскинала, но тие не сакаа да зборуваат јавно да разделбата.

Scroll to Top