Петар Грашо ќе се жени со 15 години помладата пејачка Хана Хулиќ

Пејачот Петар Грашо ќе се жени со 15 години помладата пејачка Хана Хулиќ. Како што пренесе РТЛ.хр, тие планираат да се венчаат наредната година, а Хана веќе избрала и венчаница од модниот бренд Арилео.

Јавноста за нивната врска дозна на почетокот на 2021 година, кога беа видени заедно на низ центарот на Загреб. Таа неодамна го придружуваше Грашо на концерт во Чикаго, а по враќањето, тие заедно го прославија Бадник и Божиќ.

За потсетување, Грашо претходно беше во врска со Данијела Мартиновиќ.

Scroll to Top