Петар Грашо вечерва ќе пее под отворено небо на Антички

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, по речиси една годинa се враќа во Македонија и вечерва ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Популарниот музичар ќе ги испее своите најголеми хитови, а организаторите „Прагмапродукција“ најавуваат одлична забава под отворено небо.

Поради ковид-протоколите, за концертот на Грашо во продажба се пуштени само 1000 билети. Од „Прагма“ велат дека ќе бидат испочитувани сите коронамерки.

Концертот на Петар Грашо почнува во 21 часот.

Scroll to Top