По 24 години љубов, Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (49) и музичарот Петар Грашо (45) раскинаа, пишува „Стори.хр“. Беа заедно повеќе од 24 години, а како што пренесуваат хрватските медиумите, тие веќе некое време не живееле под ист покрив.

Данијела за медиумите откри дека и нивните родители веќе кренале раце од нив и прекинале да ги прашуваат кога ќе се венчаат.

„Тешко ми паѓаше кога новинарите ќе ме прашаат за венчавката. Чувствував како секоја моја изјава да е некакво оправдување, а тоа воопшто не беше така. Тоа што не се венчавме беше наш заеднички слободен избор. Уште од самиот почеток избравме да не зборуваме за нашата врска во јавноста. Двајцата имаме кариери и не сакавме тие две работи да одат заедно“, изјавила Данијела.

Во интервју за „Репортер“ таа ни откри дека со Грашо не знаеле кога им почнала врска, па за годишнина секогаш го славеле денот кога се запознале.

„Петар дојде да свири во ‘Магазин’ и многу ме нервираше. Па дури се нервирав и кога го гледав како јаде, а плус и многу беше висок. Но, ете, одевме на патувања со бендот, разговаравме, се смеевме, сè беше некако природно. Така се зближивме. А бидејќи и двајцата не знаеме кога ни почна врската, годишнина славевме на денот кога се запознавме“, ни изјави Данијела.

Петар Грашо е автор на многу нејзини хитови, па дури и на евровизиската песна „Нека ми несване“, со која ѝ донесе најголем успех на Хрватска.

Scroll to Top